Бројката на заболени од коронавирус во земјава се искачи на девет лица. Министерот за здравство Венко Филипче информира дека попладнево од сите испитани пациенти, двајца од Дебар биле позитивни на коронавирусот.
Тие биле во контакт со двајцата сопружници и другото лице од Дебар кај кои веќе беше детектиран вирусот, биле соседи и биле во честа комуникација.
Останатите лица кои живееле во истата куќа се негативни на вирусот, информираше Филипче.