Светот со Корона (Галерија)

Од вчера во Италија стапија на сила драстични мерки за превенција од коронавирусот со кои околу 16 милиони луѓе се ставени во карантин.

Според последните податоци, кои се менуваат од час во час, бројот на заразени лица во Италија се зголеми на над 7.375 лица, со што земјата стана втора во светот по бројот на починати и заразени од вирусот. Вкупно досега починаа над 366 лица.

Со оглед на таквата состојба, македонското Министерство за надворешни работи упати препорака да не се патува во регионите и провинциите: Ломбардија, Модена, Парма, Пјаченца, Реџио Емилија, Римини, Пезаро, Урбино, Алесандрија, Асти, Новара, Вербано Кусио Осола, Верчели, Падова, Тревизо и Венеција.

На нашите граѓани кои веќе се во Италија, МНР им препорача зголемени мерки на претпазливост во секое време, да ги следат локалните медиуми и упатствата на локалните власти.

Фотки

 

- Реклама -