Директорка на една од скопските клиники е позитивна на коронавирусот, објави „А1он“ повикувајќи се на извори од клиниката, за само околу половина час подоцна на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче да ја потврди информацијата.
Резултатите пристигнале доцна синоќа, а денеска претпладнево таа е сместена на Клиниката за инфективни болести.
Како што соопшти Филипче, се работи за крајно разочарувачка неодговорност од едно медицинско лице на ваква позиција, во ситуација кога Министерството за здравство деноноќно е фокусирано на ограничување на ширењето на коронавирусот.
Имено, се работи за директорката на Клиниката за кожни болести во Скопје. Таа пред една недела допатувала од Италија и не ги почитувала препораките за самоизолација. Наместо тоа, пет дена таа редовно одела на работа.
Мала yтеxa е што, како што рече Филипче, немала ден во амбуланта каде би била во контакт со пaциeнти кои доаѓаат од надвор. Сепак, таа контактирала и со своето семејство, но и со пријатели и други.
Министерството, истакна Филипче, со исклучително големо внимание ѝ пристапува на состојбата на Клиниката за кожни болести. Во моментов целата екипа од Институтот за јавно здравје прави проценка на степенот на pизик на сите кои контактирале со докторката директорка, како вработените, така и пациентите. Согласно проценката и одлуката на епидемиолозите, можно е денеска одделот да биде целосно затворен и целосниот медицински персонал, согласно должината и фреквенцијата на контакти кои ја имале со директорката, да биде испратен во домашна изолација, заедно со xocпитализираните пациенти чие лекување може да продолжи во домашни услови.
„Со огромно разочарување, во контекст на непочитувањето на препораките и апелите за задолжителната самоизолација после секое патување во ризичните региони, ве информирам дека пациентката е жена, практично наша колешка лекар… Ова непочитување, на препораките е огромно разочарување“, рече Филипче.