ВМРО-ДПМНЕ се обврза на целосна модернизација на РЕК Битола и изградба на нова термоцентрала во Малешевијата

„ВМРО-ДПМНЕ секогаш работела за добро на граѓаните на Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ по 12-ти април кога ќе дојде на влacт ќе реализира проекти кои ќе го подобрат стандардот на граѓаните“, велат од пapтијата, најавувајќи обнова преку целосна модернизација на РЕК Битола и продолжување на векот на траење.

Овој сложен проект опфаќа набавка на нова опрема за потребите на РЕК Битола, зголемување на нејзините капацитети и модернизација на работата, како и примена на целосни, без исклучок и без компромис, еко стандарди за намалување загадувањето на животната средина и целосно еколошко работење на комбинатот, објаснуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува за обнова која што подразбира и нова термоелектрична централа во Пијанец и Малешевијата, според високи еколошки стандарди, што ќе биде од стратешко значење за Источна Македонија.

Прочитајте и:  СДСМ: Новата сила и енергијата на Конгресот ја вознемири ДПМНЕ

Ова подразбира 1.000 силно платени нови вработувања за Делчево, Пехчево, Македонска Каменица и Берово, и останати места околу. За целиот регион тоа ќе донесе нова додадена вредност, средства од 20-тина милиони евра годишно и враќање на животот во овој крај, објаснуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ по 12-ти април ќе донесе обнова на Република Македонија со реални проекти и реални ветувања.

Обнова што ќе значи повеќе за секој граѓанин во Република Македонија“, се вели во соопштението.

- Реклама -