Во недела, во 18:30 на „Канал 5“, гостин на Жаре во „Eден на Eден“ ќе биде експремиерот Зоран Заев.
Опуштен и располжен, Заев ќе открие низа детали од приватниот живот. Ќе раскаже дека има 18 другари со кои се дружи цел живот, како и колку му е важно семејството.
Меѓу другото, ќе открие и која му е омилена песна што сака да си ја нарача кога сака да се расположи – „Сношти минав“, по што бендот на Гуру Харе, свирејќи ја песната во нов аранжман, дополнително ќе го расположи Заев.
Меѓу повпечатливите приказни, Заев ќе раскаже како 13 години по ред, новогодишната ноќ ја минувал во Заводот за заштита Бања Банско, заедно со децата со посебни потреби.
„Многу често како градоначалник, не сум имал прилика да славам Нова година. Знаат струмичани, 13 години по ред, Новата година ја чекав во Заводот за заштита Бања Банско, со децата со посебни потреби. Значи од пред полноќ до сабајле до 4 саат, заедно ја чекавме Новата година“.
„Дочекот на Нова година го поминувавте таму?“, потпраша Жаре изненаден од она што го слуша. „13 години по ред“, потврди Заев, на што доби пофалба од водителот: „Браво, браво“.
„За мене Новата година е како излегување во сабота вечер“, ќе дообразложи Заев, додавајќи дека децата биле многу радосни и тоа многу им значело.
„Тука песни се пееја, од Тоше Проески, сите наши стари македонски песни… и ми беше многу убаво“, сподели Заев.
За крај, Заев направи селфи и со публиката.