Тимур Дибиров се јави со изјава по серијата вести за заминување на ракометари од Вардар поради финансиската криза во клубот.
Криштопанс и Атман си заминаа од Вардар, а од следната сезона си оди и голманот Гедбан. Се шпекулира и со одење на Сташ Скубе, се чини дека црвено-црните ќе бидат се послаби.
Но, Дибиров кој е во Вардар од почетокот на ерата на Самсоненко им порачува на фановите дека клубот ќе го биде, а сега е вистинско време сите да се обединат и да се насочат кон мечот со Мотор во Лигата на шампионите.