Екипата на „Медена земја“: Cpaмота е ова да се пренесува како пopaз, две номинации се подобри од еден Оскар!

По долг ден и бурна ноќ, екипата на „Медена земја“, вклучувајќи ја и Атиџе, по барање на досадните новинари, одржаа „вонреден“ прес директно од Холивуд. Како што самите истакнаа, тоа веројатно е последната прилика во која во догледно време екипата ќе биде собрана вака целосно на купче, па затоа се решиле на ваков начин да се обратат до македонската јавност и да одговорат на многубројните прашања.

Главната порака е дека ниту еден од нив не се чувствува како „поpaзен“ поради недобивањето на Оскарот. Како што истакна и корежисерката Тамара Котевска, режисерите на „Американска фабрика“ се одлични документаристи и ова им е веќе четврта номинација, така што во добивањето на Оскарот веројатно имаат удел и нивните претходни заслуги. Од друга страна, додадоа од екипата на „Медена земја“, многумина од илјадниците гласачи на Академијата немаат толку голем интерес и дел од нив воопшто и не ги гледаат номинираните филмови во категоријата Документарен филм, а сепак имаат право на глас, така што логично е да гласале за „Американска фабрика“. А впрочем, и самиот документарец е одличен и мошне интересен, што го потенцираше и корежисерот Љубомир Стефанов.

„Не смее во ниту еден случај да се става ова во конотација на загyба. Не го зборувам ова во наше име, како автори – ние воопшто не согледуваме некаква загyба, но многу е жaлнo и cpaмота да се пренесува на таков начин медиумски, бидејќи тоа е многу голема демотивација за луѓето, а е тотално погрешно“, рече Котевска сумирајќи ја пораката што сака да ја испрати до јавноста.

„Оскарот е една формалност, на крај краева. Патот којшто поминува до тоа и луѓето во цел свет коишто го видоа овој филм се вистинската слика за тоа колку е успешен, додека самото доделување е едно шоу коешто, пред сѐ, е за американска публика. Така што, би требало малку контекстот на медиумите да се измени, бидејќи не се работи за нас, дали ќе бидеме ние ставени во конотација на победници или не, но се работи за една одговорност којашто ја имаме пред цела македонска публика и една мотивација којашто треба да се задржи кај луѓето, особено кај нас (во Македонија), знаејќи колку лесно сите се демотивираат за сѐ. А мислам дека баш сега е тоа најпотребно, да остане некоја радост и некоја надеж дека може секој да направи нешто повеќе од себе“, рече таа.

„Сметам дека во овој случај е позначајно што сменивме историја отколку да добиевме Оскар. Така што, ние цело време меѓу себе си викаме: Две номинации се подобри од еден Оскар“, се надоврза продуцентот Атанас Георгиев.

„Не се чувствуваме гyбитници, како што и сите тие што вчера беа таму и беа номинирани. Ниеден не е гyбитник затоа што зад себе имаат такви огромни дела коишто мислам дека ќе останат запаметени. Honeyland мене ми го промени животот“, додаде кинематограферот Самир Љума.

- Реклама -