Ременски знаела кога ќе се решава за притворот на Камчев и кои судии од апелација ќе ја носат одлуката?

Пораки меѓу пратеничката Фросина Ременски и Боки 13 се дел од доказите за случајот Рекет. Во два наврати комуницирале преку апликацијата „вацап“. Првиот пат на 24 декември 2018-та, во време кога жалбата за притворот на бизнисменот Орце Камчев беше во скопска апелација. Пратеничката напишала кога ќе се одлучува за жалбата и кои судии ќе одлучуваат.

Фросина Ременски: Моите информации се дека утре Апелација ќе одлучи за притвор на Орце. сафет, Цветанка Периќ, Јани Нича наводно утре ќе одлучуваат провери го ова.

Бојан Јовановски: Не

Фросина Ременски: Дај боже

После подолг период, односно лани летото таа повторно му пишува дека на седница пратеникот Антонио Милошоски поставил пратеничко прашање за Коки. Одговарал Заев, а таа се чуди на ова.

Но Боки комуницирал и бизнисмените, Јордан Камчев и Дејан Панделевски. Камчев се интересирал за одлуките на СЈО за неговиот пасош и пишал дека Лиле не мирува, а „Зоки зборувал глупости“. Синот на осомничениот Цветан Панделевски, Дејан пак се интересирал за неговиот татко.

Дејан пелистерка: Стигна решението, уште 500 сега

Боки: Фала ти, ај види ги и другите

Дејан Пелистерка: Бојан ме блокира Царина, не можам повеќе. Боки од мене ќе имаш 5 М. Тоа е максимумот.

Од комуникацијата со обвинетета екс специјална обвинителка Катица Јанева, немаште многу пораки. Само фотографии со мебел од салон после кои Боки ја известува дека одбрал.

Судот стигна до комуникацијата на Јовановски со братот на судијката Весна Димишкова, адвокатот Васил Димишков, но ќе ги презентира утре.

Јовановски реагираше дека телефонот не му е целосно извештачен. За да се дознае вистината бара сите податоци да бидат извадени од него. Претходно обвинителката Вилма Русковска ги пушташе и сите снимки од безбедносните камери во куќата на Камчев, де лод нив јавноста веќе можеше да ги види.

На нив се гледа дека Боки и Зоран Милевски Кичеец биле на пола час кај Камчев, по што излегуваат со торба Луј Витон и ја ставаат на задното седиште на портокаловиот џип. На стартот на рочиштето Јовановски и се развика на Русковска дека врши тортура врз него. Пред судијката кажа дека последната дијагноза од пред два дена му е рак на желудник, кој го добил додека е во притвор.

Пред два дена судиите од апелација меѓу кои и оние кои ја пуштија Јанева во домашен притвор, му ја отфрлија жалбата на Јовановски за притворот. Во дел од документите до кои дојде КОД пак се гледа дека затворскиот лекар е спремен да сведочи за опасноста по животот на Боки 13.

Телма

- Реклама -