,,Твоите одлуки Таљат се диктирани од Уставот, законот и Деловникот на Собранието на Македонија.
На 12. февруари ти си должен да донесеш одлука за распишување на изборите, бидејќи изборните рокови утврдени во Изборниот законик се фиксни.
Скратената постапка за ЗЈО е меч со 2 острици.
Читај го чл.170 од Деловникот. Таму стои:
“Предлагачот на предлогот на законот може да му предложи на Собранието да расправа по предлогот на законот по скратена постапка во случај кога:
1. Не е во прашање сложен и обемен закон. Размисли дали овој системски закон не е сложен и обемен штом за неговото усвојување се бара 2/3 мнозинство од вкупниот број на пратеници,
2. Престанок на важноста на некој закон или одделни одредби од некој закон или
3. Не се во прашање сложени или обемни усогласувања на законот со правото на ЕУ.
Ништо од напишаното не е основ, овој закон да го ставиш на донесување по скратена постапка!”