Ева Соколовска освои златен медал на натпреварот во Германија

Македонското девојче веќе неколку години реди успеси во Германија. Досега имала 14 натпревари на републичко ниво и на сите го освојувала првото место.

Ева Соколовска (9) се закити со златен медал на натпреварот по ритмичка гимнастика што се одржа во германскиот град Боркен.

На овој турнир Ева се натпреварува трета година по ред, и трет пат во нејзината класа го освојува првото место.

Македонското девојче веќе неколку години реди успеси во Германија. Досега имала 14 натпревари на републичко ниво и на сите го освојувала првото место.

За десет дена ја очекува уште еден турнир и според прогнозите, но и според нејзиниот талент се очекува повторно да биде на врвот.

По потекло од Скопје, но со нејзините родители и сестра и Илина, која исто така е гимнастичарка, живее во градот Белефилд во Германија. На натпреварот ја бодреше сестра и Илина, која веќе се натпреварува во бундес лигата.

- Реклама -