Денеска е Светскиот ден на Нутелата: Почестете се со префинет колач кој не треба да го печете

Денеска е Светскиот ден на Нутелата. Иако секој ден е добар за да се почестите со барем една лажица од овој прекрасен крем, би било грев да не изедете малку повеќе на неговиот светски ден.
За таа цел ви претставуваме рецепт за Нутела чизкејк кој е едноставен за правење, а вкусот е феноменален.

Потребни состојки:

За тесто:
– 280 гр. чоколадни бисквити
– 100 гр. истопен путер
За крем:
– 560 гр. крем сирење
– 85 гр. шеќер во прав
– 470 гр. Нутела крем
– 1 лажичка екстракт од ванилa
– 1 лажичка какао
За глазура:
– 80 мл. слатка павлака
– 200 гр. Нутела крем

Начин на припрема:

1. Ставете ги чоколадните кекси во блендер и сомелете ги, а потоа додадете го истопениот путер и промешајте.
2. Вака добиената смеса втиснете ја на дното од кружен калап, а потоа ставете ја во фрижидер додека го припремате кремот.
3. Во крем сирењето додадете го шеќерот во прав и измиксирајте. Во смесата додадете ја Нутелата и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Потоа додадете го екстрактот од ванила и какаото и измиксирајте.
4. Премачкајте ја кората со кремот, а потоа ставете го калапот во фрижидер на неколку часа.
5. Ставете ја слатката павлака во сад на тивок оган и оставете да зоврие. Потоа додадете ja во садот со Нутелата, промешајте и оставете да отстои две минути. Со вака подготвената смеса премачкајте го колачот.
Уживајте!

Извор

- Реклама -