Деталните извештаи за смpтта на Делчев, познатиот македонски војвода, покажуваат оти тој бил со четата предводена од Војводата и Кирчовски заедно со поетот Таворов кога влегле во селото Баница во близина на Серез, а за неговото присуство Турците дознале откако го предал грчки шпион.
Голема војска го опколила селото и сите припадници на револуционерната чета биле yбиени по долгиот отпор. Жителите на селото, кое Турците го запалиле, исто така биле yбиени.
Делчев имаше 32 години. Тој беше даскал, и тој беше основач на Македонската организација којашто има разграноци низ целата држава.
Дописникот на “Тајмс” од Виена вели дека продолжуваат потрагата и апсењата во вилаетот Адријанопле. Приведени се голем број свештеници и даскали. Во шест села било најдено оpyжје. Машката популација е во бегство, а земјоделските работи се во прекин.