Ова се шесте експерти кои Мицкоски ги предлага да го изготват Законот за јавно обвинителство

Секое законско решение мора да биде производ на консензус, но и во дослух со експертската јавност, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција, образложувајќи зошто предлага и Законот за јавно обвинителство да биде изготвен од експерти и професори од Правниот факултет кои се релевантни и имаат искуство од оваа материја, а беа и дел од јавната дебата.

„Професионализамот да го ставиме над партиските интереси, а законот кој тие ќе го предложат безрезервно и без двоумење ВМРО-ДПМНЕ ќе го прифати“, повика и понуди Мицкоски, кој повтори дека „законот кој го предлага Зоран Заев“ е едностран и се коси со мислењата на експертите, Уставот и кpивичната материја. „Да покажеме дека се ставаме над партискиот интерес. Да се однесуваме зрело и одговорно, европски. Еднаш партиите да дадат шанса на експертите“, повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Прочитајте и:  Мицкоски за посетата на Брисел: Подготвивме најквалитетен документ за Планот за раст, ќе ги одбраниме и националните интереси

Оттаму, во тимот од правни експерти предложен од ВМРО-ДПМНЕ се вброени и имињата на професорите по уставно и казнено право:

Професор Доктор, Владо Камбовски,
Професор Доктор, Гордана Силјановска,
Професор Доктор, Никола Тупанчевски,
Професор Доктор, Гордан Калајџиев,
Професор Доктор, Тања Каракамишева,
Професор Доктор, Гордана Лажетиќ.

виа

- Реклама -