Вејн Руни потсети на славните денови со гол од слободен

Легендарниот англиски напаѓач Вејн Руни постигна фантастичен погодок од слободен удар во победата на Дерби против Стоук со 4:0 на средбата од 30. коло на англиското првенство.

Дерби одлично го отвори мечот и уште на полувреме домашната екипа имаше водство од 2:0.

Најубавиот момент следеше во второто полувреме, во 67. минута, кога Руни изведе слободен удар како во неговите славни денови и погоди за 3:0.

Конечниот резултат беше поставен во 74. минута на асистенција на Руни.

Со победата над Стоук, Дерби се искачи на 13-тата позиција на табелата со 40 освоени бода, а Стоук остана на 20-тата со 31 бод.

- Реклама -