Политиката е најголемиот извор на корупција. Немаме механизам што ќе ги спречи таа корупција да живее и да се храни како што било години наназад.
Партиите мора да имаат одговорност затоа што ја донесоа Катица и е корумпирана, изјави универзитетскиот професор Гордан Калајџиев на денешната дебата на Телма телевизија.
-Не можеа Катица да ја проценат, 2 години се шета со Боки низ Скопје и влегоа во сите институции. Тврдеа дека нема човек што може да ја замени Катица.
Се случи фијаско во правниот систем, еден збор не кажаа, правниот систем се распаѓа. Одговорност мора да има од партиите одсобено СДСМ кои се на власт, вели Калајџиев.