ВРАБОТЕН ВО ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА СИТИ МОЛ ПРИЈАВИЛ БОМБА ЗА ДА ГО ЗАФРКАВА ШЕФОТ

Двајца млади, новопримени во обезбедувањето на „Сити мол“, пријавиле кај шефот дека во објектот има поставено бомба, оти сакале да се зафркаваат со него, открила полициско-обвинителската истрага за вчерашниот настан. Пријавувачот, не само што не кажал дека тој е лажниот пријавувач, туку кога настанале турканицата и стампедото за напуштање на објектот, учествувал активно во евакуацијата.

Истрагата веднаш го открила лажниот пријавувач, по мобилната апликација од која му пратил порака на шефот.

Претходниот ден, вториот осомничен, иста „шега“ му направил на неговиот претпоставен, со анонимна порака дека има поставено бомба под неговиот автомобил.

По дојавата дека во „Сити Мол“ има поставено бомба, вчера полицијата го евакуираше целиот трговски центар, а околу него настана хаос од вработени, муштерии и автомобили. Потоа следеше детално пребарување на објектот од професионална единица на МВР. Но ИТ -експертите набргу ги откриле апликацијата и праќачот.

Против двете лица од обезбедувањето на „Сити мол“ се поднесени кривични пријави за лажно пријавување.

- Реклама -