Кога неписмени ќе ти станат пратеници

Ете така, кога неписмени ќе ти станат пратеници па оди објасни им:

1. дека пратениците не се дел од невладина организација

2. дека законодавната власт ја чинат индивидуи избрани од страна на граѓаните и дека сите пратеници независно од партиската припадност се власт (највисока во државата)

3. дека на пратениците им стојат на располагање многу алатки со кои можат да добијат соодветни информации (или, никој не смее да одбие да даде информација), за разлика од невладините организациикои пишуваат транспаренти и на ваков начин бараат одговори

А можеби никој не им кажал дека според членот 106 од Уставот “Јавниот обвинител го именува и разрешува Собранието за време од шест години.“

И никој не им го прочитал членот 20 од Законот за ЈО “(1). Јавниот обвинител на Република Македонија … за својата работа и за работата на јавното обвинителство одговара пред Собранието на Република Македонија“.

Дајте бре да направиме држава, а не месна заедница.

- Реклама -