„Духот ми го напушти телото, сакам да можам да кажам едно нешто… за последен пат за луѓето кои ги изгубивме. Зошто еднаш кога ќе заминеш, заминуваш засекогаш“.
„Како што знаете, за мене беа многу тешки последните пар месеци, ја изгубив помалата сестра. Не спиев, не ги правев работите кои обично ги правам. Работам, се смееме, се шегуваме, но кога ќе се вратам дома во реалноста и сфаќам дека веќе ја нема, многу боли.
Пред некој ден се симнав долу да седам поработам со син ми, со Шакира, со внук ми Колубмус, а другиот мој внук влезе плачејќи и ми го покажа неговиот телефон. И му реков тргни ми го телефонот од лице. Знаете, живееме во свет во кој сè може да биде фотошопирано, сè може да се намести. И не сакав да поверувам.
И после добив повак од тебе, од Чарлс, од Кени, сите ми се јавуваа. Веќе беше потврдено. Таква болка не сум почуствувал долго време. 47 години имам. Изгубив две баби, ја изгубив сестра ми, татко ми, и изгубив помал брат.
„Нашите имиња ќе бидат поврзани засекогаш за она што го направивме заедно, кажа во својата емотивна исповед човекот кој со Брајант освои три титули во дресот на Лејкерс и го сочинуваа најдобриот тандем во светот на спортот.
„Луѓето ме прашуваат стално за нашиот однос и јас кажувам дека е како оној што го имам со Чарлс Баркли (негов колега на ТНТ и водител во студио): две јаки личности кои на свој начин ги прават работите, кажуваат отворено некои работи, но никогаш без респект еден кон друг.
И кога дојде моментот да се симнеме на терен и да победиме, бевме јас и тој, бевме исто јас и Чарлс, тоа е тоа што го направивме“, зборуваше О’Нил низ солзи при неговото прво доаѓање во Стејплс Центар по трагичната смрт на Коби.
Продолжете на Офф.нет