На крајот од денешното судење првообвинетиот Бојан Јовановски бараше збор по што судијата Васка Николовска Масевска му даде збор.
Јовановски во своето обраќање рече дека се прекршени закони и Уставот и дека тој е најобесправен човек кој го дишел загадениот воздух.
Боки 13 најави поднесување на 19 кривични пријави. Праша каде да ја пријави и обвинителката Вилма Рускоска.
Јовановски пред судскиот совет за време на главната расправа праша дали обвинителката Вилма Рускоска треба да ја пријави кај Вилма за корупција.
Јовановски во судницата рече дека има несоборливи докази за вмешаност во скандал од четири милиони евра. Судењето беше прекинато, а главната расправа продолжува утре со изведување на материјални докази.