Видео: Грци исфрлени од трибините во Мелбурн, пееле националистички песни за Македонија

Поради непристојно однесување, група од 20-тина грчки навивачи морале предвреме да ги напуштат трибините на терените во „Мелбурн парк“. Инцидентот се случил на дуелот од женска конкуренција меѓу Гркинката Марија Сакари и Нао Хибино од Јапонија на теренот број 8.

Навивачите се однесувале непримерно за гледање тениски меч. Фрлале пластични чашки, навивале и кога не е дозволено тоа во тенисот, а дел од скандирањата биле на национална база потенцирајќи дека Македонија е Грција. По неколку предупредувања и опомени од страна на организаторот, полицијата и редарите биле принудени да исфрлат група од околу 20 грчки навивачи кои се однесувале непристојно.

Сакари по мечот застана во одбрана на навивачите велејќи дека скандирањето за Македонија било знак на искажување патриотизам.

„Дефинитивно е поинаку кога играм без нивната помош од трибините. Кога тие навиваат, се чувствувам посигурно и играм подобро“, рече Сакари.

Токму тие навивачи претходно беа и на трибините за да го бодрат Циципас, но Гркот без борба го победи Колшрајбер, кој го предаде мечот. Циципас потоа ги „искара“ навивачите дека треба да знаат да ги почитуваат тениските правила и како треба да се однесуваат навивачите на трибините.

- Реклама -