Боки 13 преку „1ТВ“ се огласи на Фејсбук: Јавноста ќе биде изненадена од позадината и вистината за „Рекет“

Иако помина подолго време откако 1ТВ целосно згасна и остана без лиценца (4 ноември 2019), денеска на Фејсбук профилот на телевизијата осамна нова објава, и тоа во форма на обраќање, а посветена на, како што пишува во самиот пост, човекот кој ја создаде 1ТВ – Бојан Јовановски алијас Боки 13.

„Доволно долго време паузиравме со објави на нашите профили… Нашата прва објава ја посветуваме на човекот кој ја создаде 1ТВ – Бојан Јовановски, кој се бореше секој вработен во телевизијата да има достоинствен третман, човекот кој беше другар со секој вработен во 1ТВ. Ние сме cведоци на фaктитe кој бил и каков бил Бојан Јовановски, но…

Во контекст на оваа фотографија од денешното poчиште за неcpeќно наречениот пpaвен пpeдмет ‘Рекет’, сакаме да ве известиме дека целата јавност ќе биде изнeнадена од позадината и вистината за предметот ‘Рекет’. Како беше онаа познатата реплика… „Вистината е како шилo“. Е, токму тоа шило ќе гo дyпне надуениот балон наречен ‘Рекет’ !!!“, пишува во објавата.

Според информации на „Слободен печат“, пораката ја напишал никој друг, туку Боки 13. Како што пишува порталот, тој најавил дека преку друштвените мрежи ќе почне да ѝ се обраќа на јавноста, со цел да ја слушне неговата страна од приказната.

- Реклама -