Во Србија пак се одгледуваат гуски поради гускината маст. Оние кои не им веруваат на традиционалните лекови се повеќе се враќаат на лекувањето што го практикувале нашите баби. Посебно кога станува збор за маст од гуска. Гускината маст лечи од бронхитис, кашлица како и проблемите со дишење.
Маста стана многу барана на пазарот, но е дефицитарна, бидејќи гуски сега помалку се одгледуваат отколку порано. Една мала тегла чини околу 20 евра, па затоа се поголем дел земјоделци во Војводина почнаа повторно да одгледуваат гуски кои биле многу распространети пред триесетина години.