ХРВАТИТЕ ИМААТ ЖЕЛБА ЗА ФИНАЛЕ: НЕКА БИДЕ СЛОВЕНИЈА!

На две кола пред крајот на главната фаза на ЕХФ ЕУРО 2020 Хрватска е првата репрезентација која има сигурен пласман во полуфиналето, а интересно е што веднаш имаат и желба со кого би играле во финалето.

На новинарско прашање кого би посакале за противник во мечот за медал, еден од јунаците против Германија, голманот Марин Шего одговори:

“Нека биде Хрватска- Словенија”

Интересно е ова затоа што ЕП 2020 е прво на кое учествуваа сите екс-ЈУ репрезентации, а единствено Хрватска и Словенија обезбедија пласман во главната фаза на првенството.

- Реклама -