Џејми Ли Кертис: Воодушевена сум!

Македонскиот документарец номиниран за два оскари, „Медена земја“ е во центарот на вниманието кај македонската, но и светската јавност.

Холивудската актерка Џејми Ли Кертис на социјалните мрежи упати само пофални зборови за „Медена земја“.

„Колку совршен момент за овој филм. „Медена земја“ е зачудудувачки. Алчност. Ненаситност. Семејство. Љубов. Чест. Природа. Истрајност. Воодушевена сум“, напиша Ли Кертис.

Фото – Медена земја

- Реклама -