Секуловска: Кој да ти каже, Атиџе

Само гледајте ги дебатите низ социјалните мрежи околу дилемите- дали да се слави жената-борец Атиџе, дали да биде прогласена за наша национална гордост или не, што да се прави добога, кој пат да се фати, а да се остане чистокрвен македонски патриот?

Дилемите имаат свој антички корен и своја пеколна националистичко-фашистичка крива линија- Атиџе, и покрај сè , велат тие- не е наша, не е полнокрвна, горда Македонка, нема ни најмал траг од некакво залутано генче за да се слави како наша, македонска светица.

Настрана купиштата светски награди, признанија, а да не го спомнувам најважното- филмските рецензии на критичарите низ највлијателните и најважните медиуми од сите континенти. Нашиве твродкорни Македонци ги расчленуваат, копираат и разделуваат во манирот на генетски чисти антики дотаму само до каде стигнуваат режисерските бравури и мајстории на талентираните Тамара Котевска и Љубомир Стефанов.

Но, што да се прави со Атиџе, кој став е прикладно и задоволувачки да се заземе, а да не се навреди македонштината? Нашиве попалени националисти деноноќно се во потрага по претците на Атиџе- се бара траг од ситните честички на ова тло, црпејќи ја и најмалата можност да има некаква подзаборавена архива од македонизмот во нашава Атиџе.

Знаете како, секако дека може и да се толкува и на различни начини оваа фашистичка каписла која тлее во секој вистински, од глава до петици, македонски патриот. Не ме сфаќајте погрешно, не се жестете веднаш- дослушајте докрај кои се сите опции во понудата.

Најпрво, да се соочиме со фактичката реалност, да ја разгледаме вековната ѕвездена прашина низ која поминувал типичниот македонски националист. Тој замислува и е убеден во тоа дека се јасни корените на неговото лудило во величање на македонската генијалност која е запишана во секоја пора на сечиј чист, ариевски македонски организам. Ги отвора прашливите тефтери, ги отчепува мемориските картички од малиот мозок, ги пребарува архивите низ интернетските лавиринти и- се довлечкува до првото гранапче. Ја тркала гајбата во меѓувреме, затоа што мора на нешто да се поткачи, додека го држи својот историски говор За македонцките работи.

Продолжете ТУКА

- Реклама -