Овој десерт за чизкејк нема да ве остави рамнодушни.
Состојки:
За корка
65 гр. мелени бисквити
90 гр. сецкани ореви
Лажица шеќер
40 гр. путер
За филот
120 + 125 мл слатка павлака
170 гр. црно чоколадо
220 гр. кафеав шеќер
Три лажици брашно
Лажичка екстракт од ванила
¼ лажичка сол
Две лажички јаворов сируп
Три јајца
Начин на подготовка:
Загрејте на рерната на 180 степени.
Обложете го тавчето со хартија, а потоа измешајте кекс, ореви и шеќер, па додајте го растопениот путер и промешајте. Соединете ја смесата и рамномерно распоредете, па печете 10 минути.
Додека се лади кората, во помало тавче додајте 120 мл. слатка павлака и оставете да зоврие, додајте чоколадо и измешајте.
Изматете го крем сирењето и додајте шеќер, 125 мл. слатка павлака, брашно, екстракт од ванила, сол и две лажици јаворов сируп. Измешајте ги состојките и додајте ги јајцата, па изматете.
Прелијте ја смесата преку корката, ставете 3 лажици од смесата, а преостанатиот дел измешајте го со чоколадото. Направете шари со помош на чепкалка за заби.
Печете околу 50-60 минути.