Вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј го поканил Зоран Заев уште додека тој ја извршуваше функцијата премиер, одговараат од Владата откако ВМРО-ДПМНЕ побараа објаснување во кое својство техничкиот премиер Оливер Спасовски со себе во Истанбул го понел лидерот на СДСМ.
Од Владата објаснуваат дека средбата со Вартоломеј била договорана подолго време, а во меѓувреме Спасовски бил избран за технички премиер на преодната влада.
Додаваат дека Заев лично и од свој џеб си го платил патувањето и трошоците за сместување.