Дополнителната министерка Славјанка Петровска со кривична пријава за техничкиот министер за внатрешни работи

Врие во врвот на МВР. Дополнителната министерка Славјанка Петровска најави кривична пријава за техничкиот Министер Наке Чулев, поради опасност да го наруши работењето на полицијата и ја загрози безбедноста на граѓаните.

Испратил телеграма со која која ги известува раководителите дека наредбите донесени од неговиот претходник за прераспределување на дел од вработените престануваат да важат.

“Со престанокот на важењето на писмените наредби се создава недостаток на човечки ресурси во делот на обезбедувањето на личности и објекти и со тоа директно се загрозува безбедноста на лицата и објектите кои МВР има обврска да ги обезбедува, како на пример амбасадите на Чешка, Босна и Херцеговина, Бугарија, резиденцијата на амбасадорот на ЕУ. Директно загрозено е и обезбедувањето на делови од државната граница, граничните премини, особено делот на северната граница поради недостатокот на полициски службеници кој настана со одлуката на Чулев” – вели Петровска.

Чулев одговара дека нема порстор за кривична пријава против него.

-Овде се работи за политички мотивирана нервоза. Јас се консултирав со правнииот тим кој бил и во време на Спасовски и тие рекоа дека овие е во согласност со законот и подзаконските акти на МВР. Тие наредби беа донесени последниот и последниот ден од министерувањето на Оливер Спасовски и тоа е сомнително и политички мотивирано.

Техниичкиот министер најавува дека во понедленик ке побара помош од ДИК да го расисти несогласување со Петорвска која не става потпис на решението за прв човек на скопската полиција да биде Ристе Ставревски. Ова беше и една од темите за кои се судрија париите кои ги предложија Петровска и Чулев.

-Тој е професионалец, тој го поседува сеуште и сертификатот за доверливи информации кој што е издаден во периодот додека бил претходниот министер, Оливер Спасовски и од она што сакам да го потенцирам е дека против господинот Ристе Ставревски не се води ниту една постапка, нема никакво обвинение и воопшто не се водело обвинение, вели Димче Арсовски од ВМРО ДПМНЕ.

–Човек кој бил десна рака на Јанкуловска, а потоа го бранел криминалот на Груевски, не може да раководи со СВР Скопје – еден од најважните сегменти на МВР. Ваквите предлози уште еднаш потврдуваат дека Наќе Чулев и Христијан Мицкоски се уште се во матрицата на ВМРО-МВРО, матрица на партизирана и злоупотребена полиција, – рече Снежана Калевска Ванчевска од СДСМ.

- Реклама -