Од 2021 цената на пластичните кеси драстично ќе де зголеми

Од 2021 година, односно по усвојување на новиот Закон за управување со отпад, минималната цена на пластичните кеси во малопродажните објекти ќе биде 10 денари.

Целта е граѓаните и фирмите да се откажат од нивната употреба, за што имаат рок од речиси една година, велат од Асоцијацијата за управување со отпад.

Показателите зборуваат дека граѓаните годишно користат од 120 до 150 милиони кеси, а ваквата мерка треба да помогне тој број да се намали најмалку за половина уште во првата година од стапувањето во сила на оваа одредба.

За производство на пластична ќеса се потребни само 5 секунди, за користење 5 минути, а за нивно разградување од 500 до 1000 години.

- Реклама -