Статус на Јорданка Ивановска Јоци:
,,Почина Неда Арнериќ. А, баш пред некој ден ја споменав. Понекогаш ме плаши моето шесто чуло.
Ме обучуваше за политички кампањи со Борис Тадиќ преку ,,Фридрих Еберт”, далечната 1998.
Ѓорге Иванов, како наш професор не` избра десетина луѓе политиколози и не’ прати во штабот на СДСМ на втори кат. Не’ обучуваа неколку недели. Мене, Ивица Боцевски, Шема…
Да, Ѓорге беше врзан за СДСМ, ако некој не знаел. Неда беше задолжена за камерата во кампањи и односот кон неа. Се сеќавам рече – ,,Треба да научите да водите љубов со камерата”. Добра ноќ.”