МАЛОЛЕТНИТЕ ВИ ДЕЦА ГИ КОЦКААТ ВАШИТЕ МИЗЕРНИ ПЛАТИ НА ПОКЕР АВТОМАТИ

Статус на Сашо Тасевски:

Каде е паричето? Кај триесетина супер богаташи за кои работите како наемни работници или пролетери.

Се друго е пропаганда што ве умртвува, како изборите без избор, бадниковото париче без пари и религијата без Бог.
До паричето ви дојде?

Малолетните ви деца ги коцкаат вашите мизерни плати на покер автомати или ви го распродаваат кришум накитот од прабабабите за да се вадат, а вие погачи вртите за десетденарка.

Не паричето каде е, туку бомбата. Нашево не се ни ресетира. Се прави пепел, па од почеток се.

- Реклама -