Владиката Петар: Само со веронаука во училиштата ќе исчезнат секакви Боки и Катици Јаневи

Љубовта, чистината и смирението на децата нека биде нашиот пример во животот како можеме да живееме во подобро општество без никакви поделби и разлики, е пораката што денеска беше испратена од 14-от по ред Божиќен ручек во Прилеп, во организација на детската амбасада „За сите деца во светот“, на кој се собраа 500 деца од цела Македонија од различни целни групи и peлигии.

„Никој не може да нѐ обедини како што тие (децата) се обединуваат и како што тие ни праќаат порака како треба да се обединиме, без оглед на возраст, без оглед на потеклото, без оглед на верата, сите како едно се чувствуваат. Дајте на нив да се огледаме“, порача Митрополитот Преспанско-Пелагониски – Владиката Петар, кој го благослови ручекот.

Токму од овие причини, според него, треба да се воведе веронаука во училиштата. Само така ќе се постигне духовна обнова на народот, вели тој.

„Без веронаука ќе ни се случуваат многу Катици Јаневи, ќе ни се случуваат и Боки, ќе ни се случуваат и еден куп работи. Со веронауката сето тоа ќе исчезне, затоа што ако сакате вие преродба на народот, не можете вие само да барате преродба материјална, економска, културна, а душевна, односно духовна да нема. Само преку духовната преродба доаѓаат сите други преродби“, додаде Митрополитот Петар.

Повеќе за Божиќниот ручек и впечатоците на децата, прочитајте на „Сител

 

- Реклама -