Мицкоски: Учењето Христово нека е ѕвезда водилка за секој еден од нас

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, по повод Божик, испрати честитка до Поглаварот на МПЦ-ОА – Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан.

„Дозволете ми од мое и од име на ВМРО-ДПМНЕ, да Ви го честитам еден од најсветлите христијански празници, раѓањето Христово, Божик.

На овој голем ден, би сакал да ви посакам мир и благосостојба во вашите семејства кои ќе ве пратат во текот на целата година, Ви посакувам многу среќа, здравје, спокој и љубов за вас и вашите ближни.

Македонија со отворени раце го прифати христијанството кое е камен темелник на западната цивилизација. Учењето Христово нека е ѕвезда водилка за секој еден од нас, неговите дела, пожртвуваноста, мудроста, љубовта нека служат за пример. Традиционалните вредности се оние кои не обединуваат како народ, како општество и се вредностите кои ни го поплочуваат патот за просперитетна и успешна Република Македонија.

Прочитајте и:  Мицкоски: Законот за јазиците мора да се почитува, но треба и да се зголемат капацитетите во министерствата

Христијанството не учи на надеж, надеж за подобро утре кое со посветеност и работа можеме заеднички да го изградиме за нас и иднините поколенија. Македонија е пред големи предизвици, но верувам во мојот народ дека ќе донесе одлуки кои ќе значат сигурност, правда и обнова. Да ставиме крај на поразите, доаѓа времето на чесни и принципиелни луѓе кои ќе работат во интерес на народот. Ќе ставиме крај на тонењето и неправдите. Македонија има луѓе за нови победи и успеси, а нивната шанса доаѓа допрва.

Нека ни е вековит и честит овој голем христијански празник Рожденство Христово, Божик. Христос се роди, Навистина се роди!“, пишува Мицкоски во честитката.

- Реклама -