Поранешниот премиер Зоран Милановиќ ќе биде нов претседател на Хрватска, велат излезните анкети.
Агенцијата „Ипсос плус“ објави дека излезните анкети покажуваат дека Милановиќ освоил 53,2% гласови во вториот круг на претседателските избори, што се одржаа денеска, додека за актуелната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ гласале 46,75% избирачи.
Како лидер на Социјалдемократската партија, 53-годишниот Милановиќ беше премиер на Хрватска од 2011 до 2016 година, по што беше во сенка на политичките случувања. Тој победи и во првиот круг на изборите, кога освои 30% гласови, но тогаш разликата во однос на Грабар-Китаровиќ беше само три проценти.