Еве рецепт за најмеката и највкусна погача за Бадник:
Состојки:
1 килограм брашно
околу 500 мл млака вода
1 лажичка сол
1 кисичка прашок за пециво
Украси:
150 грама брашно
3 лажички сол
по потреба млака вода
Подготовка:
Замесете го тестото, месете околу 5 минути и по потреба додадете уште малку брашно.
Во тестото задолжително ставете ја паричката.
Оставете го 15 минути и за тоа време загрејте ја рерната на 250 степени.
Потоа, ставете го во тепсијата со масло и со рацете обликувајте погача и печете 40-45 минути.
Украсите за погачата направете ги од цврсто тесто направени од брашно, сол и вода.
Среќа.мк
Најчести украси се плетенки, гулаби, ружи, жито.