Статус на Љубомир Цуцуловски:
,,ПРИРАЧНИК. Како граѓанин на Република Северна Македонија – да, токму така, Република Северна Македонија – јас сум граѓанин на Република Северна Македонија и, како таков (т.е. граѓанин на Република Северна Македонија), роден сум и школуван сум во Република Северна Македонија.
Таму (во Република Северна Македонија) стапив во брак, т.е. се оженив, за да не живеам осамен на планетава Земја, лоцирана десно од Република Северна Македонија. Република Северна Македонија е многу убава замја и затоа името ѝ е Република Северна Македонија.
Кога не би се викала Република Северна Македонија, тогаш не би ја викале Република Северна Македонија. Името Република Северна Македонија е поубаво (за звукомилноста и да не зборувам) дури и од самото име на Република Северна Македонија.
Да бидам искрен, можеби единствено поубаво име од името Република Северна Македонија е Република Северна Северна Македонија. Башка, секој си ја сака родената држава. Таа држава е Република Северна Македонија, која се наоѓа јужно од Република Северна Северна Македонија и затоа се вика толку едноставно – Република Северна Македонија.
Во нашата убава и мила држава, значи во Република Северна Македонија, денес допатува невидена агломерација од секаков вид службеници, т.е. чиновници, дојдени од секакви земји, како подржувачи/лобисти на Република Северна Македонија, меѓутоа јасно дистанцирани од Република Македонија, која е застарена и исфрлена назадна појава, ако е воопшто појава. Затоа, сложно да извикаме: „Секогаш Северна, никогаш Јужна! Трипати, ура!“ Трипати ура за…?
ПРИЛОГ. Мала илустрација како треба да се однесуваат граѓаните на нашата мила и убаво напатена Република Северна Македонија можете да видите на видеото