,,Од денеска ВМРО е дел од власта. И одговара повторно пред граѓаните на Македонија, особено првиот човек на моќното министерство, МВР, кој треба да вети дека ќе обезбеди ред, мир и да спречи насилие од приврзаниците на ВМРО.
И согласно влезот во извршната власт, ВМРО, треба да се третира како власт, а не како опозиција од сите медиуми.
На граѓаните уште не им е јасно што точно се случува, уште се во празнични еуфории. Но, во февруари ќе се разбудат, ќе осетат притисоци од многу идеолошки различни луѓе на работните места, а во март гласачките тела ќе почнат да се консолидираат.