Јосифовски ќе сведочи како се носеле одлуките во СЈО

Некогашната прва заменичка на Катица Јанева во СЈО, обвинителката Елизабета Јосифовска е повикана утре да сведочи во судската постапка за “Рекет”.

Таа беше меѓу првите повикани сведоци за овој случај уште во истрагата, а својот исказ пред обвинителката Вилма Русковска го даде уште на 12-ти август, минатата година.

Неколку дена пред исказот, Јосифоска во изјава за медиумите потврди дека била потпишана на документот за враќање на пасошот на бизнисменот Јордан Камчев, еден од осомничените во случајот „Империја“.

Таа истакна дека одлуката за пасошот била по налог на Катица Јанева, но бидејќи нејзината шефица во тој момент била на одмор, таа како прв заменик била должна да ја потпише.

Јосифовска нагласи и дека немала никакви сознанија за моќни криминални дејствија околу враќањето на пасошот на Камчев.

Судењето за “Рекет” е во фаза на испитување на сведоци.

Освен Орце и Ана Камчеви, досега сведочеа соптвеникот на Езимит и акционер во Бетон Штип Зоранчо Митровски, кој инаку е и конзул на Латвија во земјава, гевгелискиот бизнисмен Томе Главчев, сопственик на конфекција, адвокатот Сашко Бошков, екс вработениот во 1тв Христијан Баневски и куќната помошничка на Боки 13, која наброја кои политичари, бизнисмени и новинари биле негови гости.

Како сведок на претходното рочиште требаше да се појави и екс маркетинг директорот на Оне, Виктор Доневски, но беше констатирано дека тој не е во Македонија.

Судијката која го води случајот Васка Николовска Масевска уште на првата расправа ги закажа следните рочиштата за овој предмет, па така за јануари во судскиот календар се закажани 11, а во февруари 20 рочишта.

- Реклама -