„Катар Ервејс“ бара персонал од Македонија

Доколку сте отворени и комуникативни и подготвени да работите во мултинационален тим, а истовремено да се преселите во Доха или Катар, тогаш авиокомпанијата „Катар Ервејс“ го има вистинското работно место за вас.

Претставници од Qatar Airways на 19. јануари 2020 повторно ќе бидат во Скопје од каде ќе регрутираат кандидати кои сакаат да станат дел од кабинскиот персонал на една од најпрестижните авиокомпании во светот.

Зошто е добро да се работи во Qatar Airways?
-можност за заработка на приход ослободен од даноци;
-шанса да посетиш бројни атрактивни дестинации ширум светот;
-целосно покриени трошоци за сместување и други надоместоци за време на работата.

Доколку сте заинтересирани да станете дел од тимот на Qatar Airways, дојдете на настанот кој ќе започне во 08:00 на 19. јануари 2020 во хотелот “Холидеј Ин“ и запознајте се со претставници од компанијата кои ќе ви откријат како да ја креирата вашата успешна приказна во Qatar Airways.

Доколку сакате возбудлива и динамична работа која ќе ви овозможи одлична заработка и можност да посетите голем број атрактивни дестинации ширум светот, искористете ја шансата и станете потенцијален кандидат за вработување во Qatar Airways!

Од потенцијалните кандидати се бара да бидат стари најмалку 21 година, да имаат досег со рацете од 212 сантиметри, најмалку средно образование со течно говорно и писмено изразување на англиски јазик, одлично здравје и физичка подготвеност. Катар Ервејс е позната како глобална авиокомпанија со пет ѕвездички, која ги предизвикува воспоставените норми и претставува лидер во авионските услуги“, стои во огласот на оваа компанија.

Izvor: vrabotuvanje.com

- Реклама -