„2020-та година ќе биде година за паметење за припадниците на нашата Армија и сите наши граѓани. Северна Македонија и формално ќе стане членка на најмоќниот сојуз – НАТО. Ништо нема да нѐ запре и силно ќе чyкаме и на портите на ЕУ, зашто имаме што да кажеме. Бидете горди на овие постигнувања“, порачува премиерот Зоран Заев во предновогодишното обраќање до граѓаните.
Тој апелира во 2020-та уште повеќе да се разгopи плaмeнот на заедништвото и солидарноста и дека, како што вели, ќе продолжиме да бидеме пример за кој сите зборуваат, бидејќи целииот наш народ, без исклучок, е нашето најголемо богатство.
„Драматично го свртевме социjaлниот курс, ја правиме нашата земја социјална и праведна држава“, додава Заев и потсетува дека „треба постојано да си честитаме што успеавме да ја вратиме слободата и демократијата, да се храбриме што бидејќи имаме економија која платите ги влече напред како никогаш досега, бидејќи економијата од минус ни отиде во плус“.
Сепак, вели Заев, пред нас е обврската за целосно воспоставување на правна држава. Нема отстапки, нема шминки и брзи поправки, туку темелна реформа.
„Јас ќе направам сѐ за да го оствариме тоа. Останете посветени на правдата, вашата поддршка е суштинска за да успееме.
Народе мој, посакувам да сме сите живи и здрави и со најголема радост да ги дочекаме сите новородени во 2020 година, со решеност дека ќе обезбедиме топол и безбеден дом за секое дете, за секој човек.
Во новата 2020-та посакувам секој од нас да го направи најдоброто за нашата земја. Покрај обврските на државата, придонесот на граѓаните е многу важен за македонската иднина. Затоа секој нека покаже како се сака сопствената земја. Ништо не е поважно од тоа.
Ви посакувам од длабочината на моето срце, среќна, успешна и незаборавна 2020 година“, порача Заев.