(ВИДЕО) На Србија не ѝ треба Дедо Мраз, чудата ги прави Вучиќ

^ Или барем на тоа алудира новата новогодишна политичка реклама на владејачката Српска напредна партија (СНС), во која се појавува и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Во рекламата, група млади Срби гледаат спортски натпревар и посакуваат пресврт во последните две минути, по што се развива дебата за тоа дали постојат чуда. Во дебатата победува момакот што е категоричен дека чуда и тоа како постојат, а ја добива со аргументите дека во Србија платите се зголемиле во рекорден рок, дека земјата развила цврсти односи со светот (во позадина оди снимка од Путин), дека дошло до развој на инфраструктурата и ИТ индустријата…

А тогаш, последната капка скептицизам меѓу младите ја побива токму Вучиќ лично, појавувајќи се со послужавник со чај:

„Србија е едно големо, паметно и силно семејство, секогаш подготвено да гледа кон иднината“, напиша Вучиќ споделувајќи ја рекламата на Фејсбук, за подоцна, откако рекламата доби негативни реакции од дел од српските граѓани, да признае дека не е задоволен од својот настап и дека „тупо глуматал“, но не по своја желба. Тој не се разбирал во новогодишни честитки, рече Вучиќ, но го терале да сними „некое видео“ за луѓето да бидат дека е нopмален и дека умее да ја честита Новата година.

„Претпоставувам дека луѓето мислат дека сум ненopмален ако не ја честитам Новата година. Што да правам“, коментираше Вучиќ.

По реакциите, огласувајќи се на друштвените мрежи, еден од актерите дури и се правдаше зошто ја снимал рекламата.

- Реклама -