Секое време носи нешто свое на сите полиња, па дури и кога станува збор за предметите кои ги чуваме во домот како најголемо богатство и одраз на статусот или личниот стил. Кога станува збор за уредување на ентериерот и предметите за кујната и домаќинството, денес речиси сè е променето.
На времето, еден дом не можеше ни да се замисли без овие 5 работи:
Познатиот зелен креденец
Стоеше на највидното место во кујната или дневната соба и во неговиот стаклен дел се изложуваше најубавиот прибор кој ретко се користеше. Сет садови кои беа забранети за користење.
Секоја куќа имаше барем еден сет шолји, чаши или чинии кои се чуваа … за Бог знае што. Тие обично и стоеја недопрени бидејќи секогаш се чуваа за некоја специјална прилика која никогаш не беше доволно специјална.
Некогаш беше потполно незамисливо да ги послужите гостите со сок од тетрапак или да ја однесете чашата во кујна за да им наполните вода од чешма. На масата секогаш имаше порцелански и керамички бокал со убава, воглавно цветна шара. Подоцна таквите бокали беа заменети со стаклени, кои често доаѓаа во пакет со чаши со идентични шари. Теписи со карактеристичен дезен
Дневната соба, но и другите простории во домот не можеа да се замислат без тепих од еден до друг ѕид, воглавно со црвена или зелена основа и со шари кои денес нѝ будат носталгија.
Кристална вазна (или имитација)
Вазните, украсните корпи и кутиите кои беа или изгледаа како да се изработени од кристал беа најпосакуваниот подарок. Да не зборуваме за стравот кој го имавме кога бевме деца и кога случајно ќе скршевме еден ваков предмет на нашите баби и мајки…