Царовска седнува на фотељата на Анѓушев

Извршниот ио Центгралниот одбор на СДсм синоќа донесе 4 одлуки за кадровски решенија со кои оваа партија ќе партиципира во преодната влада, која ќе стартува од 3 јануари кога Зоран Заев ќе поднесе оставка на премиерската функција 100 дедна пред ппредвремените парлементарни избори закажани за 12 април.
За претседател на техничката влада е избран Оливер Спасовски, досегашен министер за внатрешни работи, кој истовремено е и потпретседател на СДСМ.

За потпретседател на владата за економски прашања избрана е Мила Царовска, досегашна министерска за труд и социјална политика, исто така потпретседателка на СДСМ. Царовска доаѓа на местото на Кочо Анѓушев кој од поодамна најави дека од јануари се пов лекува од функцијата и се враќа на бизнисот.

За дополнителен заменик министер во МВР избрана е Славјанка Петровска, досегашен шеф на кабинетот на министерот Спасовски, а за дополнителен заменик министер во Министерството за труд и социјална политика избрана е Санел Шкријељ, досегашен шеф на кабинет на министерката Мила Царовска.

- Реклама -