Пандев и Наполи повторно победуваат (видео)

Екипата на Наполи експресно ги надмина разочарувањата од минатонеделните порази од Јувентус и од Дњипро, па вечерва стигна до нова победа во рамките од италијанскиот шампионат совладувајќи го составот на Киево со минимални 1:0.

Иако играта на „Наполитанците“ не беше на нивното вообичаено ниво, погодокот на Марек Хамшик во второто полувреме беше сосема доволен за овој тим да стигне до нови три бода и да се задржи на второто место на табелата.

Во отсуство на повредениот Кавани, нашиот ас Горан Пандев имаше нешто изменета улога како најистурен играч во нападот на Наполи.

Македонскиот капитен не се снајде најдобро во оваа улога бидејќи во секој момент на него внимаваа најмалку двајца противнички дефанзивци, но Пандев целосно се подреди на колективот и имаше свој придонес во овој триумф. Тој беше на теренот сѐ до 75. минута, кога на негово место во игра влезе Варгас.

- Реклама -