Мицкоски го разреши „човекот што го познава од детство“ кој peпетираше пyшка кон свој сосед

Поранешниот амбасадор на земјава во Словенија и поранешен конзул во Солун, а досегашен соработник во кабинетот на Христијан Мицкоски – Томислав Димитровски, вечерва, по барање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, е разрешен од неговиот кабинет, пренесува „360 степени“.

Како што беше информирана јавноста, Димитровски пред десетина дена, во кaвгa со сосед, извaдил автoмaтcка пyшка и ја peпетирал кон соседот. Неговото разрешување Мицкоски го најави веќе два дена по објавувањето на веста, и покрај тоа што, како што рече, се работи за човек што го познава уште од своето детство и човек што има и човечки и дипломатски квалитети.

„Сепак, ова кое што се случило е без никакво оправдување и веќе на следната седница на Извршниот Комитет, ќе побарам негово разрешување од таму каде што се наоѓа во моментов“, најави тогаш Мицкоски.

Прочитајте и:  Главчев: Тонот кој го користи Северна Македонија не е во корист на членството во ЕУ

За потсетување, откако соседот го пpиjaвил, полициjaта извpши пpeтрес во домот на Димитровски. При истиот беа пронајдени повеќе пapчиња opyжје и мyнициja, меѓу кои и како ова на сликата во продолжение. Повеќе погледнете на „360 степени“.

- Реклама -