Извршителите денес не извршуваат туку штрајкуваат

Извршителите денеска не се на работа, не извршуваат туку штрајкуваат. Претседателот на Комората на извршители, Зоран Димов за Телма изјави дека останале на одлуката од понеделникот за еднодневен прекин со работатата и дека се надева дека сите извршители ја почитуваат.

Како што објави Телма тие се револтирани на новиот тарифник кој им го предложила министерката за правда Рената Дескоска, со кој наградата за извршителите при извршување на парични побарувања од граѓани се намалува од сегашните 1.000 на 300 евра. Тие се заканија дека ако Тарифникот на Дескоска помине без нивни амин можно е и трајно да прекинат со работа.

Во земјава има околу 90 извршители, а анализата на Телма покажа дека лани на листата од топ 10 извршители никој не бил со добивка помала од 100.000 евра. Најголема добивка од 170.000 евра имал скопскиот извршител Гордан Станковиќ.

Телма

- Реклама -