Обидот да се одложи изборот на техничката влада и да се отстапи од договорот на политичките лидери на 12 април 2020 година да се одржат вонредни парламентарни избори се заканува да предизвика сериозна политичка криза во Македонија. Таа криза може и мора да се избегне. Земјата е исцрпена од конфликти, кои носат само уште поголеми разочарувања на граѓаните и политичка апатија.
Актуелниот премиер Зоран Заев, кој според меѓупартискиот договор постигнат на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски треба да отстапи од својата функција на 3 јануари, нема политички легитимитет да ја дисциплинира опозицијата и да ја уценува – ако не гласате за ова или за она, нема оставка и нема избори. За своите законски проекти Заев треба да се бори жестоко, но со силата на аргументите, а не со уцени.
Од друга страна, договорот постигнат кај Пендаровски не е Библија. СДСМ, доколку смета дека тоа е паметно и целисходно, може да се откаже од договореното. Има многу луѓе што мислат дека со тоа социјалдемократите ќе демонстрираат слабост и страв од изборите, но тоа не го менува фактот дека една таква одлука на Заев би била политички легитимна – договорот кај Пендаровски нема законска сила, лидерите имаат право и да се предомислат.
Продолжете ТУКА