Expres.mk дознава дека вчера Десковска била номинирана за македонски претставник во експертското тело на Советот на Европа кое се занимава со прашањата на владеење на правото, човековите права и демократските принципи на вчерашната седница на Владата.
Дека се работи за скандалозна одлука покажува и фактот што во своето соопштение Владата не ја објавува информацијата за именување на свој член на комисијата.
Според правилата и практиката на комисијата членовите се независни експерти а се избираат од редот на “искусни професори, особено од полето на меѓународното право, членови на врховниот или уставните судови или членови на националните парламенти”.
Никаде во правилата на Комисијата не пишува дека активен министер може да биде нејзин член.