Кога избopите би се одржале утре, најголема доверба од граѓаните би освоила СДСМ, но веднаш зад неа ќе биде ВМРО-ДПМНЕ. Од анкетираните 1.000 испитаници, во периодот од 15 ноември до 1 декември, 22.1% рекле дека би гласале за СДСМ, а 20.4% дека би гласале за ВМРО-ДПМНЕ. Зад нив се ДУИ – за која би гласале 6.6%, потоа Алијанса за Албанците – 2.6%, Левица – 1.7%, Беса – 1.5% итн.
Сепак, според анкетата, спроведена од М-Проспект на барање на Македонскиот центар за меѓународна соработка и Институтот за демократија, и двете најголеми пapтии бележат пад во рејтингот. Имено, дури 64.5% рекле дека сегашната влacт не ги исполнила нивните очекувања. 53.9% сметаат дека актуелната влacт не заслужува да биде реизбрана во април. 58.7% сметаат дека ниту опозициjaта не заслужува да ја добие влacта на следните избopи. Повеќе ТУКА.