Зошто Тесла бил опседнат со пирамидите?

Научникот Никола Тесла верувал дека пирамидите служат за повисоки цели и ги истражувал во текот на целиот негов живот. Што го привлекувало толку многу кај нив?

Без изумот на Никола Тесла, светот денес би бил незамисливо место. Тесла е заслужен за клучната идеја поради која имаме паметни телефни, wi-fi, електричен систем и уште многу работи…

Покрај идејата која Тесла ја реализирал паметно и ја патентирал тој имал и мноу други професии во различни области на истражувањето од кои некои биле навистина езотерични.

Една од најнеобичните била неговата опседнатост со египетските пирамиди, за некои едни од најтанствените и највеличенствените градби на човештвото.

Тесла се прашувал дали пирамидите се големи предаватели на енергија, а таа мисла се поклопила со неговиот проект за безжичен пренос на енергија.

Тесла во 1905-та година во САД поднел патент со наслов “Уметноста на пренесување на електричната енергија по пат на природни медиуми“ во која се зацртани проекти за серија генератори ширум светот кои би се приклучиле во јоносферата за собирање енергија. Самата Земја, со нејзините два пола ја набљудувал како џиновски електричен генератор на неограничена енергија, пишуваат од “Big Think“.

Дизајнот во облик на триаголник станал познат како Теслина електромагнетна пирамида, пренесуваат од “Спутник“.

Пресудни биле обликот и положбата на пирамидите. Тесла изградил кула со име Експериментална станица на Тесла во Колорадо како и кула Ворденклиф преку која сакал да го искористи енергетското поле на Земјата.

Клуч на универзумот: 3, 6, 9

Другиот аспект на размислувањето на Тесла е поврзан со нумерологијата. Тесла, според многуте истражувања бил необичен поединец со опсесивни особини. Една таква опсесија биле броевите 3, 6 и 9 за кои се верувало дека се клучот на универзумот.

Тој се возел околу зградите три пати пред да влезе во хотелите со броеви кои биле делливи со 3. Носел одлуки во групи составени од тројца луѓе.

Некои веруваат дека опсесијата на Тесла со тие броеви е поврзана со неговата склоност кон пирамидите и нивните форми и неговото верување дека постои основен математички закон кој е дел од универзалниот математички јазик.

- Реклама -